27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за финансии започна со исплатата на субвенциите за тутунот

Министерството за финансии започна со исплатата на субвенциите за тутунот

Министерството за финансии ја почна исплатата на субвенциите за тутунот. Веќе се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра.

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.

– По речиси еден месец успеавме да ги деблокираме процесите за да почне исплатата на финансиската поддршка. За само еден и пол ден тутунопроизводителите ќе може да ги добијат средствата без какви било селективни процедури, постапки и калкулации, нагласи Николовски на прес-конференција во Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП