10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНАТО го зголемува буџетот за одбрана

НАТО го зголемува буџетот за одбрана

Челниците на НАТО ќе го зголемат буџетот за одбрана во 2017 година за 4,3 отсто, така што заедно за одбрана ќе издвојат 12 милијарди долари повеќе отколку минатата година, изјави во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Неговата изјава е дадена во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, закажан за утре.

Столтенберг на конференција за новинари истакна дека по низа години во кои буџетите за одбрана беа намалувани, од 2015 година може да се воочи тренд на раст на издвојувањата и тоа кај европските членки на НАТО и Канада. Тој прецизира дека Канада и европските членки на НАТО изминатите три години буџетите за одбрана ги зголемиле за вкупно 46 милијарди долари.

Прашан дали зголемувањето на буџетот за одбрана кај европските членки е предизвикано од притисокот на администрацијата на Доналд Трамп, Столтенберг одговорил дека европските земји вложуваат во зајакнување на сопствената безбедност и дека тоа не е за да ги задоволат САД. Тој истакна дека со парите ќе се вложува во опрема, зајакнување на капацитетите, но и за мисиите на НАТО во Авганистан, на Косово и борбата против тероризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП