3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто ги одбива жените да се пријават за лидерските позиции?

Што ги одбива жените да се пријават за лидерските позиции?

Општо е познато дека меѓу раководечките позиции има помалку жени отколку мажи. Новото истражување отрива дека тоа е можеби така поради тоа што во описот на работното место во огласите се користат специфични зборови, кои за понежниот пол делуваат одбивно.

Се покажало дека жените поретко се јавуваат на огласите во кои се користат зборовите поврзани како што се „упорен“, „агресивен“, „аналитичен“. Жените почесто се јавуваат на огласите за работа, ако во нив стојат зборовите, како што се на пример… „посветен“, „одговорен“, „совесен“ и „друштвен“.

Покрај тоа, споменатото истражување покажало дека изборот на зборови во огласот не влијае на бројот на мажи кои ќе се пријават.

Без обрнување внимание на изборот на зборови, компаниите сами себе се ограничуваат и лишуваат од шансата да привлечат квалитетни нови соработнички. А тоа е така поради тоа што стереотипите сеуште се присутни во општеството и покрај сите социјални трансформации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП