2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајдобрите совети од жените шефови

Најдобрите совети од жените шефови

Благодарение на овие совети, ќе ја засакате својата работа…

Жените на високите позиции во деловниот свет не се никаква новост, но ако ја земемe во предвид статистиката, доаѓаме до заклучок дека само 5 проценти од главните позиции во светот ги држат жените. Меѓутоа, најдобрите совети секогаш ќе ги добиете од жената која го поминала трнливиот пат до подобра работа, а ние ви ги нудиме токму тие совети.

Бидете ефикасни

Важна задача за секој менаџер е одговорно да постапува. Потребно е на вработените секогаш да им дадете поголема одговорност и да ги охрабрите да дејствуваат во насока на идни лидери. Добар начин тоа да го постигнете е да се насочите кон вештините кои ви се потребни на работното место, како и на она надвор од него. Ако паметно го користите работното време, ќе бидете поефикасни и во домот.

Мотивирајте го својот том

Вашиот тим е вашиот највреден имот. Не е важно дали станува збор за работата или за приватниот живот, секогаш имајте ги на ум жените кои ве инспирираат и мотивираат. Никогаш не им кажувајте „не“ на новите прилики, туку секогаш примете ги искуствата кои се надвор од вашата зона на комфорот. Меѓутоа, никогаш немојте да го изгубите од вид тоа каква личност сте вие – останете им верни на вредностите и принципите.

Бидете упорни

Не ги прифаќајте ставовите дека жените секогаш треба да бидат топли и љубезни. Вие имате своја цел и потрудете се да ја остварите со својот пристап, средства и однесување. Значи, упорноста е клучот од се. Борете се со тоа секогаш да бидете она што сте, а не она што луѓето го очекуваат од вас. Глумењето никогаш не поминува на подолгите патеки.

Правила

Едно од правилата кое работниците и работодавците мора да го почитуваат е работното време. Значи, нема прекувремена работа, а работникот е слободен откако ќе го одработи своето работно време. Тоа ви носи двојна корист – работникот добива време за себе, своето семејство и најмилите, а на работа се враќа полн со енергија, сила и нови креативни идеи.

Бидете љубезни

Бидете љубезни, но во согласност со правилата, границите и очекувањата. Никогаш немојте својата работа да ја темелите врз основа на стравот, туку секогаш кон сите однесувајте се со почит и љубезност. Така ќе постигнете повеќе од тоа што можете да очекувате.

Избор на соработници

Ако се во позиција да избирате, секогаш работете со луѓето кои се попаметни од вас и не се чувствувајте загрозено поради тоа. Одвојте време за да ги запознаете, но и да научите нешто од нив. Претставете ги вашите таленти и предности, но почитувајте ги и туѓите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП