4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ја фрли ракавицата на Трамп: Јас сум за, а ти?

Меркел ја фрли ракавицата на Трамп: Јас сум за, а ти?

Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека е за продолжување на преговорите меѓу ЕУ и САД за договорот за слободна трговија, кој е на мртва точка од изборот на Доналд Трамп.

„Ја сум за продолжување на преговорите за договорот за слободна трговија“, кој би овозможил заедничко решение на сите проблеми, изјави Меркел на економскиот форум во организација на нејзината Христијанско -демократска унија (CDU).

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос, кој требаше да присуствува на конференција но ја откажа посетата, во видео порака ја повтори решеноста на САД да се брани од дампинг цените на другите земји во одредени сектори, особено во областа на челикот и алуминиумот.

Рос на крајот на мај изјави дека САД се отворени за продолжување на преговорите со ЕУ за Трансатлантскиот договор за слободна трговија (TTIP).

Преговорите за TTIP започнаа во 2013 година на иницијатива на тогашниот американски претседател Барак Обама со цел отстранување на царините меѓу САД и ЕУ и зголемување на трговската размена.

Продолжувањето на преговорите нагло е прекинато со доаѓањето на Трамп на власт, кој повеќе пати го критикуваше TTIP, тврдејќи во текот на кампањата дека тој е голема опасност за опстанокот на повеќе милиони работни места во САД.

И во ЕУ некои земји го критикуваа тој договор, сметајќи дека е многу повеќе во интерес на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП