Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) нема да избрзува со понатамошно намалување на производството на нафта или да ги укине „исклучоците“ за обемот на производството во некои земји, најавија нафтените министри на пет од земјите во „ОПЕК“, кои ќе се состанат на 24-ти јули во Русија за дискутирање на следните чекори кои ќе ги превземат на пазарот.
Земјите од организацијата постигнаа договор за продолжување со уште девет месеци, односно до март 2018-та година, на ограничувањата за екстракција на нафта, за да се балансираат пазарите и да ја зголемат цената на суровината.
Веста предизвика сепак нагло намалување на цената на нафтата. Причината е дека многу инвеститори очекуваа намалување на производството за да може побрзо да се симне од пазарот вишокот количини на нафта.
Цената се намали уште во позадина на информациите за пораст на производството во САД, Нигерија и Либија, а последните две се ослободени од договорот за намалување на производството.
„Не верувам дека ќе биде постигнат договор наскоро“, коментира член од делегацијата, говорејќи за можноста за поголемо намалување. Најверојатно темата ќе биде разгледана на следната средба на 24-ти јули во Русија, на која ќе присуствуваат нафтените министри на Кувајт, Русија, Венецуела, Алжир и Оман плус Судитска Арабија. Тие можат да упатуваат препорака кон организацијата која ќе ја одржи следната средба во ноември.
Според министрите може да се разгледаат мерки за запирање на понатамошниот раст во производството во Нигерија и Либија, а не да им се наметнуваат ограничувања на производството.
Друг извор, запознаен со темата, коментира за Ројтерс дека отстранувањето на повеќе суровина од пазарот е опција која сепак не е активно дискутирана.