12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за растот на САД на 2,1 проценти

ММФ ја намали прогнозата за растот на САД на 2,1 проценти

Изостанокот на детали во плановите на Доналд Трамп поврзани со реформите во економијата на САД го наведе ММФ да ја намали прогнозата за економскиот раст на таа земја.

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за растот за оваа година и следната година.

ММФ, кој во јануари ја зголеми прогнозата за проекцијата за растот на бруто домашниот производ на САД поради очекуваните фискални поттици на администрацијата на Трамп, се врати на својата претходна калкулација според која предвидува експанзија на американската економија од 2,1 проценти во 2017 и 2018 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа претставува намалување во однос на јануарската прогноза, кога ММФ проектираше раст на американскиот БДП од 2,3 проценти во оваа и од 2,5 проценти во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП