2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на половни приватни авиони паднаа за 35%

Цените на половни приватни авиони паднаа за 35%

Десетици милиони долари беа избришани од вредноста на бизнисот со авиони на милијардерите и поголемите компании, откако огромната понуда пред кредитната криза од 2008-2009 година ја преплави индустријата со авиони од втора рака.

Цените на приватните авиони од втора рака, од кои многу речиси не летаат, се паднати за 35% во трите месеци до април 2017-та година.

Просечната цена на бизнис џет од втора рака е намалена од 13,7 милиони долари во април 2014-та година до 8,9 милиони долари, покажува истражувањето на „Colibri Aircraft“ која е специјализирана во рекламирање, продавање и купување на користени приватни авиони.

Сопственици изгубиле милиони долари од вредноста на своите авиони, откако бројни авиони излегоа на пазарот по економската криза. Продажната цена на искористениот „Bombardier Global XRS“ кој нов чини 50 милиони долари, паднала од 31.3 милиони долари до 20.4 милиони долари, или околу 35%, покажуваат податоците на „Colibri“.

Поновите модели кои излегуваат на пазарот, исто така, ги намалуваат цените на половните авиони, вели Оливер Стоун, управен директор на „Colibri“.

„Клиентите ги продаваат сегашните авиони, за да си купат понови. Придонесот на авиони од втора употреба се зголемува, но не и побарувачката“, вели тој.

И покрај излегувањето на нови модели, снабдување на нови бизнис авиони паднале значително во изминатата деценија. Во 2008-ма година беа испорачани 1.313 бизнис џет авиони, во споредба со само 661 за минатата година.

„Пазарот на приватни авиони од пред 2008-ма година беше во огромен балон, а цените на авионите оттогаш одат само надолу“, вели Стоун.

Конфискацијата на авиони поради задоцнети плаќања исто се зголемија во периодот 2009 – 2012 година, додава Едвин Бреникмајер, извршен директор на „Oriens Aviation“ која е дистрибутер на моделот „Pilatus PC-12“ за Велика Британија и Ирска.

„За да се во чекор со обемот на продажбата, производителите ги зголемија отстапките за да продолжат да испорачуваат големи количини, често со 30% попуст, што стана норма за индустријата“.

И додека сопствениците се соочуваат со потешкотии, индустријата на чартер летови со приватни авиони може да извлече корист од оваа ситуација. Се повеќе сопственици на приватни авиони решаваат да обезбедат авион за чартер летови, наместо да ги прогласуваат за продажба.

Чартер летовите сочинуваат речиси 60% од полетите со приватни авиони во Европа, според компанијата за чартер летови „Victor“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП