Од 17 до 19 јули годинава во Прага ќе се одржи шестиот состанок на високи преставници на Кина со преставници на 16-те земји на Централна и Источна Европа.
Овој економско-политички форум е има за цел на едно место да се сретнат кинеските политички претставници, бизнисмени и инвеститори со преставници на овие европски земји, меѓу кои е и Македонија.
Годинашниот форум ќе се одржи под покровителство и присуство на Милош Земан, претседател и Бохуслав Соботка, премиер на Чешка. Официјалната кинеска делегација ќе биде предводена од господин Лиу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото придружуван од високи претставници на министерско ниво.
Во 2013 година, претседателот на Народна Република Кина покрена нова иницијатива за меѓународна соработка наречена „Економски појас на Патот на свилата“ и „Поморски пат на свилата на 21-от век“. Оваа иницијатива оттогаш постигна важни резултати и доби поддршка од повеќе од 100 земји и меѓународни организации. Иако можностите за инвестирање што ги нудеше Кина беа големи, тие досега не беа искористени многу од Македонија, која беше присутна на овие самити.