17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе подготвуваат измени на Законот за заштита од пушењето

Се подготвуваат измени на Законот за заштита од пушењето

СДСМ подготвува измени на Законот за заштита од пушењето, нешто што подолго време го најавуваа и за време на изборната кампања, пишува Телевизијата Алсат.

Според пратеникот Томислав Тунтев сепак, новото законско решение нема драматично да се разликува од сегашното. Најголеми измени ќе има за т.н. тераси, односно делови од кафулињата и рестораните каде е дозволено пушењето само кога објектот нема кров или е отворен од најмалку три страни.

„Нелогично е … Реков ситна роса зароси и тивко ветре задува, некој од гостите бара да се спушти најлонот, зашто се смениле метеоролошките услови и сега вие од тој момент од пушач треба да се претворите во непушач, само затоа што едниот најлон или едното стакло биле затворени. Ние предлагаме таму каде што е дозволено пушење да биде дозволено без оглед на метеоролошките услови.“ – изјави Томислав Тунтев-пратеник од СДСМ.

За поголеми измени, како на пример да се дозволи пушење во дел од угостителски објект дополнително ќе се размислува. Угостителите сметаат дека е добро конечно да се реши на кои тераси е дозволено да се пуши, бидејќи различните толкувања доведувале до селективни казни од инспекторите. Но, според Крсто Блажевски од ХОТАМ, посакувано е да има измени кои се однесуваат и на затворените објекти.

„Во затворени објекти каде што има храна треба да е поделено, нешто како што е во Србија во моментов. Еве и во Австрија има објекти кои се поделени на пушачки и непушачки.“ – изјави Блажески.

На другата страна од желбите на угостителите и ветувањата на новата власт се докторите. Податоците покажуваат дека е зголемен бројот на пушачи во Македонија.

“Со текот на времето попуштија мерките, не се спроведуваа доследно, повторно сме сведоци дека има ресторани во кои може да се сретнат пушачи и покрај тоа што е забрането.“ – вели Проф д-р Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје.

Последните големи измени на законот за заштита од пушењето беа донесени во 2010-тата. Податоците од пазарната инспекција покажуваат дека во првите години власта вршела и до 16.000 контроли годишно дали законот се почитува. Последната година за која има податоци, 2015-тата, покажува дека бројот на контроли се намалил за дури четири пати, на само 4.000 такви инспекции годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП