9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и Хонгконг најголеми центри за фалсификувана стока

Кина и Хонгконг најголеми центри за фалсификувана стока

Кина и Хонгконг се најголеми центри за фалсификуваната стока која се продава ширум светот, соопшти Европската полициска служба Европол.

Во 2015 година речиси 86 проценти од фалсификуваната стока ширум светот, вредна 396,5 милијарди долари, била со потекло од овие две територии, покажува обемиот извештај на Евростат со 74 страници, пренесува агенцијата Франс прес.

Со унапредувањето на железничките врски меѓу Кина и Европа, се појави и загриженост дека криминалните мрежи ќе прејдат на поевтиниот начин на транспорт на стоката, во споредба со превозот со бродски контејнери и авиони.

Турција, исто така, е важен чвор за влез на фалсификуваната стока во ЕУ, заедно со Тајланд и Сингапур, се наведува во извештајот кој е изработен во соработка со Канцеларијата за заштита на интелектуалната сопственост на ЕУ.

Се фалсификува и се продава речиси се, од шампони до батерии, електроника, бендирана облека, играчки, лекови и храна.

Бројните фалсификувани производи сега директно им се продаваат на купувачите преку интернет, со што се овозможува проток на таква стока во мали пакети кои едноставно ги поминуваат граничните контроли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП