18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкнота од 0 евра се појави во Германија

Банкнота од 0 евра се појави во Германија

Германија испечати серија банкноти со вредност од 0 евра. Согласност за тоа дала Европската централна банка, а банкнотите ќе се продаваат како сувенири.

Банкнотата има вредност 0 евра и според тоа, нема никаква вредност и не може да се користи во трговијата. Банкнотите од 0 евра се испечатени на истата хартија како и сите регуларни и се применети сите заштитни мерки, вклучувајќи и холограми и водени жигови.

Вкупно се направени 5.000 банкноти, а на нив е прикажан едреникот на германската морнарица Gorh Fok 2 од 1958 година.

Банкнотите веќе може да се купат и ќе чинат 2,5 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП