9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно висок индексот на деловната клима во Германија

Рекордно висок индексот на деловната клима во Германија

Оптимизмот на германските компании во јуни е зголемен на ново рекордно ниво, покажуваат истражувањата на минхенскиот институт Ифо.

Институтот Ифо соопшти дека индексот на деловната клима во јуни скокнал од 114,6 на 115,1 поени.

Минхенскиот институ секој месец анализира 7.000 германски компании околу нивното гледање на моменталната состојба и развојот на ситуацијата во наредните месеци.

Германската економија во периодот јануари-март забележа раст од 0,6 отсто, а и за периодот април-јуни се очекуваат позитивни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП