2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на BlackBerry разочара, акциите паднаа 12 проценти

Продажбата на BlackBerry разочара, акциите паднаа 12 проценти

Канадскиот „BlackBerry“ ги објави резултатите за работењето во првиот квартал од фискалната година кој се заврши на 31. мај, и кои донесоа неочекуван пад на продажбата, што предизвика пад на акциите на оваа компанија за 12,3 проценти на 12,86.

Компанијата извести дека продажбата на софтвер и професионални услуги опаднала за 4,7 проценти на 101 милион американски долари, што е нејзиното главно бизнис подрачје во обидот за реструктуирање на бизнисот, по крахот на пазарот за мобилни уреди.

Од менаџментот напоменаа дека органскиот раст на продажбата на софтвери достигнал ниво од 12 проценти, кога ќе се исклучат приходите од аквизицијата од истиот период изминатата година. Аналитичарите очекуваа вкупен приход на команијата во периодот март-мај во висина од 264,5 милиони американски долари, во однос на остварените 244 милиони долари.

Профитот достигна 671 милион долари односно 1,23 долари по акција во однос на загубата од 670 милиони долари, односно 1,28 долари по акција во истиот период лани. Овогодишниот краен резултат ја вклучува исплатата на 940 милиони американски долари по основа на арбитражата од страна на производителите на чипови „Qualcomm“. Исклучувајќи ги еднократните ставки, добивката по акција достигна 2 центи, додека аналитичарите очекуваа резултат над позитивна нула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП