16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската Влада одвои 5,2 млрд евра за проблематичните банки

Италијанската Влада одвои 5,2 млрд евра за проблематичните банки

Италијанската Влада одвои 5,2 милијарди евра за двете банки за кои Еропската централна банка наведува дека „пропаѓаат или ќе пропаднат“.

Италијанскиот премиер Паоло Џентилони наведе дека од клучна важност e да се осигура да не се наруши бавното закрeпнување на италијанската економија со „неадекватната“ пропаст на банките „Veneto“ и „Banca Popolare di Vicenza“.

Џентилони истакна дека постапката на Владата на вонредниот состанок е насочена кон зачувување на „штедачите, сопствениците на сметки, работните места на вработените во двете банки, што е во корист за економијата на регионот“.

Тој, исто така напомена дека од клучна важност е да се одржи „добра состојбата во банкарскиот систем“ кој во Европа се смета за слаба точка во италијанската економија.

Двете банки се наоѓаат во регионот Венето на северот на Италија кој е еден од најпродуктивните во таа земја.

Министерот за економија Пјер Карло Падоан им порача на италијаните дека ситуацијата на шалетерите на банката по викендот ќе биде нормална.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП