17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на доларот во однос на другите валути

Благ раст на доларот во однос на другите валути

Додека тече расправата за каматите, американскиот долар бележи раст на светските валутни пазари.

Трговијата со доларот на светските пазари рече внимателно, бидејќи се уште постојат сомнежи кај инвеститорите дека ФЕД годинава уште еднаш ќе ги зголеми каматните стапки, бидејќи инфлациските притисоци не се преголеми.

Курсот спрема еврото останува речиси непроменет, 1,1195 долари.

Во однос на јапонскиот јен, цената на доларот е зголемена за 0,4 отсто.

Индексот на доларот, пак, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути, изминатава недела е посилен за 0,1 отсто, и сега изнесува 97,24 бодови, и е на најголемо ниво за јуни.

Се очекува зголемување на инфлацијата во САД, заедно со растот на платите, бидејќи состојбата на пазарот на трудот се подобрува. Тоа ќе биде можност за американската Централна банка постепено да ја затегнува монетарната политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП