2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Гигантската империја на Џеф Безос

График на денот: Гигантската империја на Џеф Безос

Богатството на Џеф Безос во голема мера е поврзано со неговите 78,9 милиони aкции во својата компанија „Amazon“ и токму поради тоа нето богатството постојано расте, коментира „VisualCapitalist“.

Само пред неколку дена акциите на „Amazon“ достигнаа рекорден врв откако компанијата го објави амбициозното стекнување на „Whole Foods“. Тоа значи дека на Безос му требаат само уште 4 милијарди долари, за да го надмине Бил Гејтс како најбогат човек на планетата. А ако цената на акциите продолжи нагоре, тоа може да се случи наскоро.

Денешниот график го покажува токму неверојатниот опсег, кој го држи Џеф Безос и неговата империја „Amazon“. Од него, станува јасно дека Џеф Безос прави инвестиции и превземања на неколку начини.

„Amazon“ остварува превземања и инвестиции поврзани со основниот бизнис на компанијата и идните нејзини амбиции. Ова го вклучува стекнувањето на „Whole Foods“ (13,7 милијарди долари во 2017-та), „Zappos.com“ (1,2 милијарди долари во 2009-та), „Twitch.tv“ (970 милиони долари во 2014-та) и „Kiva Systems“ (780 милиони долари во 2012-та). Меѓу нив се и инвестиции во сè – од банкротираната „dot-com“, компанијата „Kozmo.com“ до „Twilio“ со успешната примарно јавна понуда (IPO) во 2016-та година.

„Bezos Expeditions“ пак управува со инвестициите со ризичен капитал на Безос. Со текот на годините овој фонд вложува пари во „Twitter“, „Domo“, „Juno Therapeutics“, „Workday“, „General Fusion“, „Rethink Robotics“, „Business Insider“, „MakerBot“ и „Stack Overflow“. Последните инвестиции ги вклучуваат „GRAIL“, стартап, кој неодамна привлече 900 милиони долари, а целта му е да го лекува ракот, уште пред да се појави. Меѓу инвестициите се и „EverFi“ – стартап во сферата на образованието.

Џеф Безос инвестира пари и лично. Тој е „ангелски“ инвеститор во „Google“ во 1998-ма година, а вложува средства и во „Uber“ и „Airbnb“.

„Nash Holdings“ е приватна компанија во сопственост на Безос, која го купи „The Washington Post“ за 250 милиони долари.

„Bezos Family Foundation“ е раководена од родителите на Безос и е основана со акции од „Amazon“. Таа се фокусира на раното образование и вложува 11 милиони долари во вториот круг инвестирање на „LightSail Education“.

Безос е основач и на „Blue Origin“, вселенска компанија која се натпреварува со „SpaceX“ за покорување на вселената.

А стекнувањето на „Whole Foods“ сигурно не е првиот чекор на „Amazon“ во бизнисот со прехранбени производи.

Интересно е да се напомене дека компанијата всушност има направено сериозни инвестиции во „HomeGrocer.com“ во 1999-та година – компанија која доставувала производи од големи магацини до домовите. Продажбата достигна рекордни 1,5 милиони долари дневно, но за жал, „HomeGrocer“ не преживува при банкротот на „dot-com“.

Ова може и да ги одложи амбициите на „Amazon“ во сферата на прехранбените производи, но очигледно не ги застанало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП