19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на патот Маврово-Дебар во прекин во двата правци од 13 до...

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар во прекин во двата правци од 13 до 17 часот

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

Во петок, на патниот правец Р1202 Маврово–Дебар на делот од с.Рајчица – Мелнички мост, поради изведување градежни работи на пат, сообраќајот ке биде во прекин во двата правци од 13.00 до 17.00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. амсм

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП