20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХакери од банкомати извадиле 45 милиони долари

Хакери од банкомати извадиле 45 милиони долари

hakeri

Група на хакери во рок од неколку часа одземала 45 милиони долари од банкомати во повеќе земји, откако претходно ги украле банкарските податоци. Хакерите влегле во базите на податоци на банките, ги тргнале лимитите за подигнување на пари од банкоматите и ги земале пристапните кодови кои ги пренеле на лажните картици.

Кодовите биле пренесени на картици со магнетна лента, како што имаат кредитните картички, хотелските клуч-картички и слично.

Со лажните картички тие подигнувале пари од банкоматите исклучиво од сметките кои банките ги користат за гаранција на припејд картиците, избегнувајќи ги приватните и бизнис сметки.

Дел од парите испрале преку купување, а дел останал кај локалните групи кои оделе од еден на друг банкомат, а поголемиот дел од парите биле пратени на шефовите од групите.

Тужителката Лорета Линч соопштила дека во САД се уапсени седум лица, а додала дека групата работела во неколку земји и дека во многу кратко време успеале да земат пари од неколку илјади банкомати.

Според информациите податоците се земени од Ракбанка од ОАЕ и Мускат Банка од Оман.

Групата земала пари од банкомати во Јапонија, Русија, Романија, Египет, Колумбија, Велика Британија, Шри Ланка, Канада и уште во неколку други земји.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП