5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's после 41 година се откажа од Олимписките игри

McDonald’s после 41 година се откажа од Олимписките игри

Поради опаѓање на гледаноста на Олимписките игри „McDonald’s“ одлучи да го прекине спонзорството на ова најголемо спортско натпреварување после непрекинатите 41 година спонзорска поддршка.

Веста за повлекувањето на американскиот синџир на ресторани за брза храна три години пред истекот на договорот, го објави Меѓународниот олимписки одбор (МОО).

Така, последната Олимпијата во чиј тек спортските терени ќе бидат заштитени со логото на „McDonald’s“ ќе бидат ОИ во Токио во 2020 година.

„Ги разгледавме сите аспекти од нашето работење и ја донесовме оваа одлука во соработка со MOO со цел да се фокусираме на други приоритети“, изјави директорката на маркетинг Силвиа Лагнадо.

Имено, поради инвестициите во подобрувањето на квалитетот на храната, услугите во рестораните и интернет нарачувањето „McDonald’s“ се повеќе се стреми кон тоа да ги намали трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП