29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ го коригира буџетот за 2014-2020 година, поради „новите приоритети“

Советот на ЕУ го коригира буџетот за 2014-2020 година, поради „новите приоритети“

Советот на Европската унија (ЕУ) одлучи за корекција на буџетската рамка на Унијата за периодот 2014-2020 година, а се планира во буџетот да бидат издвоени повеќе финансиски ресурси, кои имаат за цел да ги поддржат работните места и растот, да се решат проблемите со миграциската криза и да се зајакне капацитетот за реагирање во итни ситуации, објави прес-службата на Советот.

Ревидираната повеќегодишна финансиска рамка ги зголемува средствата за главните приоритети на ЕУ со 6,01 милијарди евра за периодот 2017-2020 година.

Од оваа сума 2,08 милијарди евра ќе помогнат за стимулирање на растот и создавање на работни места преку програми како иницијативи за младинска невработеност, Хоризонт 2020 и Еразмус +.

Други 2,55 милијарди евра ќе бидат наменети за решавање на проблемите со миграцијата, зајакнување на безбедноста и зајакнување на контролата на надворешните граници. Останатите 1,39 милијарди евра ќе бидат вложени за борба со последиците на миграцијата.

Освен тоа, во новата рамка има и промени кои имаат за цел ЕУ да е подобро подготвена да се справи со непредвидени околности. Планирано е да се зголемат годишните суми кои ќе бидат вложени преку инструментот за флексибилност и резервите за итна помош, во просек со 150 и 230 милиони евра односно во периодот 2017-2020 година.

Новите измени ќе овозможат неискористените средства од фондот за солидарност на ЕУ и Европскиот фонд да бидат прилагодени кон глобализацијата и да се ужива од инструментот за флексибилност, за да не бидат изгубени. За 2017-та година тоа значи дополнителни 646 милиони евра за инструментот.

На последно место со 5,9 милијарди евра се зголемува максималната сума со која може да се зголемува годишниот „таван“ на плаќањата кон буџетот во 2019-та и 2020-та година, а целта е да се вложуваат неискористените плаќања. Ова ќе го намали ризикот од непотребна акумулација на неплатени сметки.

Ревидираните прописи ќе стапат на сила 20 дена по објавување во официјалниот весник на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП