2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Кинези се зголемија за 9 пати во последната деценија

Богатите Кинези се зголемија за 9 пати во последната деценија

Бројот на Кинезите со висока нето вредност на средствата се зголемил речиси за 9 пати за една деценија, а силниот раст на втората најголема економија во светот го стимулира зголемувањето на богатството, покажува истражувањето објавено од Ројтерс.

Кинеските жители со најмалку 10 милиони јуани (1,47 милиони долари) инвестициони средства достигна 1,6 милиони лица во 2016-та година, во однос на 180.000 лица во 2006-та година, според извештајот за приватното богатство на „Bain Consulting“ и „China Merchants Bank“.

Вкупната вредност на приватното богатство во Кина се зголемила до 165 илјади милијарди јуани во 2016-та година, така што расте со 21% годишно во текот на 2014-2016 година.

Но стапката на раст на пазарот на приватното богатство на Кина се очекува да забави до 14% во 2017-та година до вкупен износ од 188 илјади милијарди јуани.

Околу 120.000 кинези со висока нето вредност на средствата поседуваат инвестициски средства во вредност од најмалку 100 милиони јуани, што е сериозен раст во однос на 10.000 лица во 2006-та година.

Процентот на оние луѓе со инвестиции во странство се зголемува до 56 проценти во 2017-та година во однос на 11% во 2011-та година, но вкупниот процент на инвестирани зад границата средства останува стабилен од 2013-та година. Меѓу најпознатите склоп странски дестинации за инвестиции се Хонг Конг, САД, Австралија и Канада, иако популарноста на Хонг Конг се намалува за 18%, а на САД со 3% од 2015-та до 2017-та година.

Трите главни причини за инвестиции во странство се диверзификацијата на инвестицискиот ризик, воспоставување на нови пазарни можности, како и миграција.

Истражувањето покажува дека 26% од богатите Кинези се потпираат на професионални финансиски услуги за управување на нивното богатство, а од нив околу половина користат приватно банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП