1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБараат спас, продаваат 100-годишни обврзници

Бараат спас, продаваат 100-годишни обврзници

Аргентина планира да ја продаде првата 100-годишна обврзница една година по повраток на светските пазари на капитал.

Оваа јужноамериканска држава се бори со огромен буџетски дефицит, јавува агенцијата Блумберг.

Цента на обврзниците, која ќе биде искористена за потпомагање на буџетот и рефинансирање на долгот, можеби ќе биде утврдена денес, а приносот е околу 8,25 проценти, изјави за Блумберг личност запознаена со случувањата.

Со продажбата ќе управуваат „Citigroup Inc“ и „HSBC Holdings“.

Планот за издвојување на должничките хартии го најави на Твитер аргентиното Министерство за финансии, не давајќи подетални информации за тоа.

Аргентина така ќе им се придружи на Мексико, Ирска и Обединетото Кралство со продажбата на долгот кој доспева дури за еден век.

Земјата се обидува да го затвори својот фискален дефицит, а во изминатите 20 години седум пати прогласуваше банкрот, наведува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП