1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја на аукција ќе продава биткоини

Јужна Кореја на аукција ќе продава биткоини

216 биткоини може да бидат продадени на аукција организирана од Владата на Јужна Кореја.

Властите во земјата ја заплениле виртуелната валута за време на кривична истрага во 2016-та година, пренесува „Seoul Economic Daily“, цитирани од „CoinDesk“.

Конфискуваните биткоини се во вредност од 575.000 долари по цени актуелни во моментот на објавување на материјалот. Криптовалутата е конфискувана од 33-годишно лице, кое се занимава со нелегални онлајн активности.

Ако аукцијата биде одржана успешно, тогаш ова ќе биде прв ваков тендер во светот.

Според „Korea Asset Management Corporation“ (KAMCO), сите конфискувани средства од властите стануваат државна сопственост, кои се предмет на продажба преку аукција. Ова важи и за финансиските средства, меѓу кои спаѓаат и криптовалутите.

Аналитичарите очекуваат финалналната цена, за која можат да бидат продадени биткоините, да биде малку пониска од пазарната, која во моментот на објавување на материјалот изнесува 2665.84 долари, според податоците на „CoinDesk“.

3% од продажната цена ќе биде вратена на корејската влада, објаснуваат од „KAMCO“.

Веста за аукција доаѓа во момент на бум на корејскиот пазар на криптовалути.

Локалните платформи за трговија со виртуелни валути како „Bithumb“, „Korbit“ и „Coinone“ бележат значителен раст во тргуваните количини.

Трговијата во Јужна Кореја зазема удел од 32% од тргуваните количини во етер – криптовалутата дел од блокчејн системот Етериум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП