28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Макошпед беше најтргувана на берзата

Акцијата на Макошпед беше најтргувана на берзата

Блок трансакцијата со акцијата на Макошпед АД Скопје го одбележа денешниот трговски ден. На самиот старт на тргувањето се преку администраторска блок трансакција се релизираа 48.606 лотови по просечна цена од 495,00 денари. Во редовното тргување немаше ниту една трансакција денес, последна просечна цена од 13.06., кога последен пат имаше трансакција со МКШД од 190,00 денари за една акција.

Во класичното тргување најликвидна беше акцијата на НЛБ Банка со промет од 4,4 милиони денари и истргувани 428 лотови по просечна цена од 10.495,41 денари. Според прометот следеа акциите на Алкалоид (2,1 милиони денари), Гранит (1,3 милиони денари), Стопанска банка Битола (1,2 милиони).

Денот заврши со вкупен промет од 36.9 милиони денари преку 57 трансакции. Двата индекси МБИ10 и ОМБ беа во позитивна териотрија и тоа 0,21 отсто и 0,09% соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП