1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорени приоритетите во преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија

Договорени приоритетите во преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија

На првиот состанок за Брегзит преговарачите го договориле и временскиот распоред.

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, рекол дека преговорите ќе бидат организирани еднаш месечно од 17 јули до 9 октомври, а работните групи ќе се занимаваат со прашањата за човековите права, финансиските договори и останатите прашања кои произлегуваат од Брегзит.

Барние и британскиот министер за Грегзит Дејвид Дејвис се согласиле дека најважни се прашањата за човековите права и слободата на движење на граѓаните на ЕУ.

Дејвис изјавил дека британската премиерка Тереза Меј ќе даде „понуда“ во врска со човековите права на претстојниот самит на лидерите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП