1 јули, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТеатарската претстава „Мурлин Мурло“ на фестивал во Русија

Театарската претстава „Мурлин Мурло“ на фестивал во Русија

Театарската претстава „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада, во режија на Ана Батева, на театарот „Антон Панов“ од Струмица, е поканета да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Кољада-plays“ во Екатерингбург, Русија.

„Мурлин Мурло“ беше премиерно изведена во јуни 2016 година. Во камерната драма настапуваат Стојан Велков-Трн, Оливера Аризанова, Васил Михаил и Јасмина Вучкова, која ја замени Анкица Бенинова.
Претставата имаше десет изведби на матичната сцена и гостување на Штипско лето.

Меѓународниот театарски фестивал „Кољада-plays“ е со натпреварувачки карактер: во конкуренција се 25 претстави од Русија, Унгарија, Романија, Србија и Македонија. Фестивалот се одржува од 20 до 30 јуни, а струмичани настапуваат на 22 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП