1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ ја потврди посветеноста кон Парискиот договор

Советот на ЕУ ја потврди посветеноста кон Парискиот договор

По одлуката на САД да се повлече од Парискиот договор, Советот на ЕУ потврди дека тоа е соодветно и не може да биде предодговорено. Во Луксембург беше закажана седница на екоминистрите од земјите членки на Унијата.

Договорот е амбициозен, но не е обврзувачки, а тоа им овозможува на секоја од земјите да го следи својот пат, за да даде придонес кон целите кои служат за борбата против климатските промени, што го загрозува развојот, мирот и стабилноста во целиот свет, се вели во соопштението објавено од страна на Советот на ЕУ.

Таму се наведува дека Советот изразува „најдлабоко жалење“ по повод одлуката на САД. И ги поздрави бројните соопштенија за преземање на обврска за Парискиот договор како од земји со големи економии, така и од малите островски држави.

Советот на ЕУ потсетува дека овој договор обединува околу 200 земји и е поддржана од региони, градови, општини, претпријатија, како и други недржавни учесници од целиот свет.

„ЕУ и нејзините земји-членки продолжуваат да бидат обединети и безусловно ангажирани со целосно и брзо спроведување на Парискиот договор и потсетуваат за посебната одговорност на големите економии, на кои отпаѓаат околу 80% од емисиите на глобално ниво“, се вели во заклучокот.

Таму се декларира дека и во иднина ќе продолжи водечката позиција на ЕУ во борбата против климатските промени преку задржување на порастот на просечната температура на глобално ниво, како и дека ќе биде зачуван финансискиот ангажман на ЕУ за постигнување на целта развиените земји да мобилизираат 100 милијарди долари годишно до 2020-та година за активности во областа на климата во земјите во развој.

„Ние заедно ќе го исполниме Парискиот договор, бидејќи тоа е наш заеднички интерес и наша одговорност“, се изјавува во пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП