1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија оствари трговски дефицит во мај

Јапонија оствари трговски дефицит во мај

Јапонскиот извоз порасна со 14,9% на годишна основа во мај, охрабрен од зголемената побарувачка во пазарите во развој и послабиот јен, објави „MarketWatch“.

Тоа е најостриот раст во извозот од јануари 2015-та година и шестти последователен месец покачување, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Најголем поттик доаѓа од извозот на автомобили и челик. Сепак вредноста е помала од предвидените 18,2% од економистите анкетирани од „Wall Street Journal“.

Увозот се зголемува со 17,8% во однос на очекувањата од 14,5 отсто, што е највисок раст од три години.

Така Јапонија оствари во мај дефицит од 203,4 милијарди јени (1,8 милијарди долари) наспроти 47,3 милијарди јени година порано. Економистите анкетирани од бизнис весникот „Nikkei“ очекуваа 73 милијарди јени вишок.

Министерството за финансии се наведува дека во мај Јапонија често предвидува дефицит поради националните празници тогаш го ограничуваат извозот.

Силниот извоз даде импулс на умерениот, но стабилен економски раст во Јапонија. Во првите три месеци од оваа година економијата се прошири со 1% на годишна основа и така беше забележана најдолгата серија раст од 11 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП