4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до 2018

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до 2018

Европскиот совет соопшти дека „рестриктивните мерки како одговор на илегалната анексија на Крим и Севастопол“ ќе бидат продолжени до 23 јуни 2018 година.

Санкциите се однесуваат на лица и компании со седишта во ЕУ, вклучувајќи ја и забраната за увоз на стока од Крим, инвестиции на Крим, туристички услуги и извоз на стока и технологија на компании на Крим.

ЕУ во март 2014 година воведе повеќе рестриктивни мерки по акцијата на руските власти во кои полуостровот Крим беше припоен кон Русија.

По симнувањето од власт на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во февруари 2014 година, на Крим, каде преовладува руско население, во март беше одржан референдум за припојување кон Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП