ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ги натера Белгијците да штедат

Што ги натера Белгијците да штедат

belgija2

Штедните влогови на Белгијците во март се зголемија и достигнаа вредност од 242,3 милијарди евра, соопшти Националната банка на Белгија.

Висината на штедните влогови во март е зголемена за две милијарди во однос на претходниот месец, а речиси 20 милијарди во однос на една година претходно.

Белгијците важат за најдобрите штедачи во ЕУ, бидејќи како што пренесуваат белгиските медиуми, едно белгиско семејство во просек има заштедено околу 67.158 евра.

Зад Белгија е Холандија, каде што едно семејство има заштедено околу 61.219 евра, а потоа Луксембург со 60.336 евра.

На четврто место е Франција со заштеда во семејство од 41.407 евра, а на петтото место е Германија со 38,702 евра.

Главниот економист на „Bank Degroof“ Ејтан Калатај објасни дека Белгијците се богати, бидејќи државата е сиромашна.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП