2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на цената на бензините ја намали инфлацијата во САД

Падот на цената на бензините ја намали инфлацијата во САД

Потрошувачките цени во САД во мај опаднале, поради големиот пад на цената на бензините.

Потрошувачките цени минатиот месец опаднале за 0,1 проценти по благиот раст од 0,2 проценти во месец април, покажуваат податоците на американското Министерство за труд, пренесува агенцијата АП.

Базната инфлација, од која се исклучени цените на енергетите и храната, пораснала во мај за слаби 0,1 проценти.

Падот на цената на бензините ги собори потрошувачките цени во мај, што е уште еден сигнал за тоа дека инфлацијата останува ниска, соопшти Министерството.

Најновата вест доаѓа само неколку часа пред завршувањето на дводневното заседавање на американсата Управа за федерални резерви ФЕД, на кое, како што се очекува, оваа институција би требало да ги зголеми каматните стапки, и покрај ниската инфлација и слабата стапка на раст на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП