5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес официјално започнуваат преговорите за Брегзит

Денес официјално започнуваат преговорите за Брегзит

Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) денеска во Брисел официјално ги почнуваат преговорите за повлекување на оваа земја од членството во Унијата. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на крајот на март 2019 година, две години откако британскиот премиер Тереза Mej, на 29 март оваа година, официјално ja почна постапката за повлекување.

Првата фаза на преговорите треба да се однесува на постигнување договор за три прашања – за судбината на европските граѓани во Велика Британија и на Британците во ЕУ, за границата со Ирска и финансиите, како и за износот на финансиските обврски на Лондон кон ЕУ.

Мишел Барние, преговарачот на Европската комисија, претходно изјави дека за овие прашања се очекува договор меѓу октомври и декември оваа година.

Втората фаза од преговорите ќе се однесува на иднината на трговските односи на Велика Британија со ЕУ, при што конечен договор се очекува меѓу декември 2017 и пролетта 2018 година. Договорот треба да биде финализиран до октомври 2018 година, но и натаму останува период од шест месеци, до март 2019 година, кога треба да заврши процесот на ратификација на официјалното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Во Велика Британија постојат спротивставени ставови за начинот како да се изведе Брегзит, при што премиерката Тереза Меј тврди дека „немањето договор е подобро од лош договор”, додека министерот за финансии, Филип Хамонд, сака „меко излегување”, така што преку транзицискиот период да се зачуваат работните места и растот. Брегзит значи и сигурно напуштање на единствениот пазар и царинската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП