Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

МЗШВ: Непречен откуп и дистрибиција на земјоделските производи

Време: 11:09

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

­

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.

Оттаму истакнуваат дека деновиве е реализирана средба на производителите и откупувачите на градинарски производи со цел да се утврди како се одвива откупот и дистрибуцијата во Струмичкиот и Тиквешкиот регион каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, цреши и вишни.

На средбата е утврдено дека голем број регистрирани откупувачи кои работат со извоз немаат стабилни партнери, а постојат и вештачки блокади од странските партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот.

Забелешката од странските откупувачи е што во една гајба се пакуваат по три сорти, а производите се чуваат во несоодветни услови.

Со цел подобар откуп и пласман, од ресорното Министерство најавуваат преземање мерки со кои ќе се поттикне изградбата на складишни капацитети и откупно­дистрибутивни центри со капацитет над 5.000 тони и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет од 500 тони.

На овој начин, велат од Министерството за земјоделство, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена. ­

Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот.

Дополнително се работи на создавање подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на чинење на земјоделски производи.

Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот.

Ваквата состојба со сигурност ќе овозможи зголемено производство, се наведува во соопштенето од МЗШВ

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Тевдовски за Блумберг: Напредокот во ЕУ интеграциите ќе го поттикне економскиот раст

    Безусловната препорака на Европската комисија за Македонија да ги започне пристапните преговори ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе го поттикне економскиот раст, истакна…

  • Швајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

    Швајцарската централна банка не се брза со промена на монетарната политика

    И покрај неодамнешното слабеење на швајцарскиот франк, Швајцарската централна банка (SNB) не гледа причина да ја менува негативната стапка од минус 0,75%. „Ние сме убедени…

  • Погоден момент за воведување прогресивно оданочувње, сметаат експертите

    Погоден момент за воведување прогресивно оданочувње, сметаат експертите

    Во Македонија е погоден моментот за воведување прогресивно оданочување. Стапката и прагот за оданочување според експертите не се важни, важно е како вишокот средства ќе…

  • Митровски: Банките имаат доволно средства за кредитирање, каматите не се менуваат

    Митровски: Банките имаат доволно средства за кредитирање, каматите не се менуваат

    Банките имаат доволно средства и ќе поддржат кредитирање и на населението и на фирмите, а каматните стапки сметаат дека се добри и засега нема да…

  • Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

    Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

    Компанијата Сансити планира следната година да го отвори досега најголемото казино во Виетнам. Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели,…

  • Анѓушев: Странските компании во земјава тешко се поврзуваат со домашните добавувачи

    Анѓушев: Странските компании во земјава тешко се поврзуваат со домашните добавувачи

    Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се обрати на конференција за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија, во организација на Стопанската…

  • Долгот на глобално ниво достигна рекордни 164.000 милијарди долари!

    Долгот на глобално ниво достигна рекордни 164.000 милијарди долари!

    Растечкото ниво на долгот и можната трговска војна помеѓу двете најголеми економски сили претставува закана за глобалната економија која до сега не била во толку…

  • Град Скопје утре ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

    Град Скопје утре ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

    Град Скопје утре ќе го објави јавниот повик за доделување субвенции за велосипеди. Градоначалникот Петре Шилегов рече дека годинава се воведени измени со цел, како…

  • Скопје ќе добие нов екоавтобус

    Скопје ќе добие нов екоавтобус

    Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.…

  • Млади иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар во Детроит

    Млади иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар во Детроит

    Ученици иноватори од Кочани ќе ја претстават Македонија на светски натпревар што ќе се одржи во Детроит, САД. Тие ќе го презентираат своето иновативно решение…