11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради асфалтирање попладне прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Поради асфалтирање попладне прекин на сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до с. Долно Косоврасти ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП