4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоџа: Ќе видиме дали ќе соработуваме со институциите големи должници

Хоџа: Ќе видиме дали ќе соработуваме со институциите големи должници

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека ќе размислат дали ќе соработувааат со институциите големи должници. 

Новата влада треба да направи ревизија на тоа колку должи државата и кои институции колку должат за да можеме понатака да размислиме дали ние би влегле во преговори за соработка со некоја од тие институции, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој вели дека долгот на владата или на државата кон приватните компании, се шпекулира, дека е некаде околу една милијарда евра.

– Тоа во сите држави е така, секаде државата му должи на приватниот сектор, но најбитниот фактор е тоа дека тие задолжувања да не бидат подолги од три месеци, затоа што во приватниот сектор секое задолжување е товар на за бизнисот. Во однос на тоа, нормално дека новата влада треба да направи ревизија на тоа колку тие долгови изнесуваат, за да можеме ние како бизнис сектор во иднина да имаме увид кои државни институции колку должат за да можеме понатака да размислиме дали ние би влегле во преговори за соработка со некоја од тие институции – вели Хоџа.

На прашањето, може ли бизнис секторот да си дозволи зголемување на минималната плата, а просечната плата да се искачи на 500 евра, тој вели:

– Ние како стопанска комора подолго време го промовираме тоа дека митот на евтина работна сила во Македонија мора да се промени, поради тоа што со таква социјална политика ние не можеме да имаме некоја перспектива во однос на сите држави во опкружувањето. Во друг контекст гледајќи ние како стопанственици не можеме со таква евтина работна сила да ги држиме нашите капацитети или нашите човечки ресурси од повисок ранг. Во овој случај сите капацитети кои излегуваат од нашите универзитети, кои мислиме дека ќе бидат прифатливи за нашите компании, тие размислуваат да избегаат од државата. Со ваква просечната плата, каква што беше во минатото, мислиме дека нема да има некаков успех и ќе бидеме повеќе социјална политика, отколку економска политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП