15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit не ги запира Британците, кои сакаат да купат имот во Европа

Brexit не ги запира Британците, кои сакаат да купат имот во Европа

И покрај „Brexit“, Британците продолжуваат да имаат интерес за купување на имот во земјите од Европската унија (ЕУ), особено во Шпанија, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата „Spanish Legal Reclaims“, цитирани од онлајн изданието „propertywire.com“.

Од сите учесници во студијата, кои имаат намера да купат имот во странство, 55% изјавиле дека „Brexit“ нема да ги промени нивните планови. Од нив 10% се категорични дека ситуацијата сигурно ќе ја зацврсти нивната намера да стекнат имот во Европа, откако Велика Британија одлучи да ја напушти ЕУ.

Шпанија останува најпопуларната дестинација за купување на имот во Европа. Земјата е прв избор на 45% од испитаниците. Вкупно 37% од испитаниците ја ставаат Франција на прво место, а 20% – Италија.

Шпанија го врати својот углед меѓу британските купувачи на недвижен имот, откако Врховниот суд на земјата пресуди дека инвеститорите кои ги изгубиле своите заштеди во вложувања поради неточни градители, ќе добијат бенефиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП