2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено брзо обештетување на земјоделците од невремето

Најавено брзо обештетување на земјоделците од невремето

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион.

Министерство за земјоделство е задолжено да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19 до 30 јуни. Барањата треба да се достауваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП