3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Топ 100 на компании во светот по приходи и...

График на денот: Топ 100 на компании во светот по приходи и профит

Гледајќи само преку приходите не станува сосема јасна споредбата меѓу овие компании, а многу инвеститори се заинтересирани од друг показател во нивната презентација: профитот, коментира „VisualCapitalist“.

Денешниот график ги покажува 100-те најголеми компании во светот по пазарна вредност. Секоја компанија е претставена со два круга, како надворешен кој ги отсликува приходите, така и внатрешен – профитот. (Овде можете да ја погледнете и интерактивната шема на графиконот.)

Која е најдобрата највпечатливата во табелата? Фактот е дека „Apple“ нема конкурент во својата способност да прави пари.

Всушност профитот на „Apple“ за 2016-та година во износ од 45 милијарди долари е многу поголем од оној на секоја друга компанија, вклучувајќи ги „Berkshire Hathaway“ (24 милијарди долари), „JPMorgan Chase“ (24 милијарди долари), „Wells Fargo“ (22 милијарди долари), „Alphabet“ (19 милијарди долари), „Samsung“ (19 милијарди долари), „Toyota“ (17 милијарди долари), „Johnson & Johnson“ (16 милијарди долари) или „Walmart“ (14 милијарди долари).

Единствените компании кои можат да се споредуваат со „Apple“, се кинеските банки како „ICBC“, „Agricultural Bank of China“ или „China Construction Bank“, но овие претпријатија се државни и во спаѓаат во друга сфера.

Во исто време профитот на „Apple“ е поголем од приходите на огромни компании како „Coca-Cola“ (41,5 милијарди долари) или „Facebook“ (27,6 милијарди долари).

Не секоја компанија може да постигне профитна маргина од 21% кај приходи од 217 милијарди долари како „Apple“.

Други организации мора да се потпираат на тесни маргини и волумени, за да работат. „Walmart“ има постигнато само 14 милијарди долари профит од извонредните приходи од 485 милијарди долари, што е маргина од само 2,8%. Во исто време брзо растечкиот технолошки гигант „Amazon“ исто има профитна маргина од едвај 1,7%, во голема мера резултат на успешната услуга „AWS“.

Треба да се напомене и дека некои компании воопшто не постигнуваат добивка. Тоа се претежно компании кои страдаат од предизвиците од најслабиот период на циклусите на природните ресурси. „Chevron“ и рударскиот гигант „Glencore“, на пример, се две од компаниите кои изгубиле пари во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП