2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците во пресрет на преговорите: Работните места пред се

Британците во пресрет на преговорите: Работните места пред се

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд вели дека заштитата на работните места и економскиот раст би требало да бидат приоритет во преговорите за излез на Британија од ЕУ.

„Мојот став и верувам ставот на повеќето граѓани во Велика Британија е дека мораме да ги заштитиме работните места, економскиот раст и просперитетот“, изјави Хамонд по доаѓањето во Луксембург на редовните разговори со останатите колеги од ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

„Можам да потврдам дека, кога наредната недела ќе влеземе во преговори, тоа ќе го направиме во духот на вистинска соработка, заземајќи прагматичен став и настојувајќи да пронајдеме решение кое е добро и за Обединетото Кралство и за 27-те членки на Европската унија“, изјави Хамонд.

Европската унија и британската влада објавија во четвртокот во заедничкото соопштение дека преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ ќе започнат во понеделник на 19-ти јуни, како што беше планирано, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП