2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоЈ одлучи да продолжи со агресивната политика за стимулирање

ВоЈ одлучи да продолжи со агресивната политика за стимулирање

Јапонската централна банка одлучи да продолжи со агресивната политика за стимулирање на економијата и со надминување на дефлацијата, истакнувајќи знаци на подобрување на третата светска економија, пренесоа светските агенции.

Во соопштението по состанокот банката наведува дека очекува побарувачката да се зајакне, поддржувајќи го умерено забрзувањето на растот.

Додека Федералните резерви на САД ја зголемува каматата, управителот на јапонската централна банка Харухико Курода изгледа е цврсто решен да ја продолжи политиката на квантитативно и квалитативно ублажување, за да се постигне целта за инфлација од околу 2 проценти.

Според банката инфлацијата во Јапонија се очекува да остане во „фаза на слабеење“, што укажува дека едвај може да се очекуваат големи промени во политиката и во блиска иднина.

Централната банка инјектира илјади милијарди јени (милијарди долари) во економијата, во обид да ја стимулира побарувачката и да се спротивстави на дефлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП