23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТesla на врвот на пазарот на електроавтомобили

Тesla на врвот на пазарот на електроавтомобили

2012-tesla-model-s-fd

Десет години по основањето на компанијата за производство на електроавтомобили„ Tesla“, конечно огромните инвестиции почнуваат да им се исплаќаат. Успехот во продажбата на „Model S“ се погрижи за тоа производителот да ја оствари првата добивка во корпоративната историја.

Во првиот квартал од оваа година компанијата има заработено нето од 11 милиони долари по загубата од околу 90 милиони долари во истиот период од минатата година. Одличните резултати на компанијата резултираа и со раст на нивните акции за 26 проценти.

Акциите се качија за 24 проценти и достигнаа 69.03 долари до 10.00 часот вчера наутро, по што се повторно се зголемија на 70.48 долари. Пазарната вредност на компанијата достигна 7.9 милијарди долари, што ја надмина вредноста на Фиат која е проценета на само 7.8 милијарди долари.

Од почетокот на годината „Tesla“ има продадено 4900 примероци од својот електроавтомобил со што е за 400 единици повеќе од првичното планирано количество.

„Ние сме задоволни од силната побарувачка на глобално ниво на „Model S““, изјави основачот и извршен директор Елон Маск, кој додаде дека приходите скокнале за цели 83 проценти или до 562 милиони долари.

„Tesla“ ги зголеми своите очекувања за остатокот од годината. Компанијата верува дека оваа година ќе испорачаат 21.000 автомобили од „Model S“.

Од производствен аспект компанијата успеа да ја зголеми својата ефикасност и да дојде до околу 400 склопени автомобили во една недела.

Компанијата го заврши кварталот како најголем производител на електроавтомобили во Северна Америка. Продажбата на „Model S“ ги надминаа оние на хибридниот на Шевролет (4,421) и на „Leaf“ на Нисан (3,695).

„Tesla“ се смета за една од водечките производители на електрични автомобили во технолошки поглед . Високите трошоци за развој и подигнување на производството во минатото сепак секогаш водеа до оперативни загуби. Компанијата „Tesla“ стана позната со спортскиот електроавтомобил „Roadster“, потоа следеше моделот со четири врати „Model S“. Следната година ќе биде претставен и кросоверот „Model X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП