15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради долг од над 280 милиони денари студентите во темница

Поради долг од над 280 милиони денари студентите во темница

Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ до 31 мај 2017 година должи над 282 милиони денари.

Само за комунални услуги, греење, комуникација и транспорт ДСЦ „Скопје“ има долг од 101.720.685,00 денари до крајот на минатиот месец, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

„Доколку раководството на ДСЦ ‘Скопје’ – Скопје навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом ‘Гоце Делчев’ но и во другите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите“, соопшти Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП