5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка ја намали основната каматна до 9%

Руската централна банка ја намали основната каматна до 9%

Руската централна банка (CBR) одлучи да ја намали својата водечка камата за 0,25 процентни поени до 9 проценти.

Одборот на директори на банката го одбележува зачувувањето на инфлацијата близу до целното ниво, постојаното намалување на инфлациските очекувања, како и обновувањето на економската активност. Краткорочните инфлациски ризици се намалиле, а во исто време во среднорочна перспектива се задржуваат.

За одржување на инфлацијата близу до целниот праг од 4 проценти „CBR“ ќе продолжи да води умерена строга кредитна политика, се наведува во соопштението на институцијата.

Според неа инфлациските ризици ослабеле во врска со продолжувањето на договорот за ограничување на петролната екстракција.

Централната банка гледа можност да ја намали уште каматата во второто полугодие.

Денес „CBR“ исто така ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Русија од 1-1,5 отсто до 1,3-1,8 отсто за 2017-та година.

Продолжува обновата на економската активност. Заедно со порастот на инвестициите и индустриското производство, се зголемува и потрошувачката на домаќинствата, констатира финансиската институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП