2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет милиони евра за македонските претпријатија од ЕБОР преку Охридска банка

Пет милиони евра за македонските претпријатија од ЕБОР преку Охридска банка

SONY DSC

Пет милиони евра ќе бидат достапни за македонските претпријатија од ЕБОР кои ќе ги пласира Охридска Банка.

Како што информираат, средствата ќе бидат доделени под програмата наменета за кофинансирање на средните претпријатија – МЦФФ, која е креирана за да им помогне на локалните партнерски банки во задоволување на финансиските потреби на успешни претпријатија од средна големина, што е често ограничено од лимитите за изложување кон еден клиент, наметнати од централните банки или од сопствените внатрешни регулативи на банките кои се стремат да ги менаџираат концентрациите на кредитните потфолија.

– Ова е прв пат една македонска банка да добие средства од оваа програма, која нуди и  техничка помош за покривање на дел од правните трошоци и консултантски услуги, стои во соопштението.

Програмата ќе овозможи на Охридска банка да ги задоволи потребите на постоечките и идни клиенти, за поголеми износи на кредити и подолг рок, потпирајќи се на капацитетите за кофинансирање од страна на ЕБОР.

– Ни претставува задоволство да го потпишеме овој договор со Охридска банка денеска, бидејќи тој се надоградува на нашите постоечки силни деловни врски, кои сме среќни и понатаму да ги продлабочуваме. Покрај поддршката за развој и раст на Охридска банка, нашето финансирање ќе овозможи и поттикнување на локалната економија, осврнувајќи се на клучните предизвици, како што е пристапот до финансирање и споделување на ризици, истакна претставникот на ЕБОР во Македонија Елена Урумовска.

Според членот на Управниот одбор на Охридска Банка Филип Котора посткризниот период бара компаниите во Македонија да ги надградат нивните производни капацитети, со цел да навлезат и да обезбедат снабдување на извозните пазари со висок потенцијал, со што паралелно ќе остварат одржлив раст. – Новите инвестиции во индустриски и технолошки капацитети, како што рече, можеби ќе бараат координирана кредитна поддршка од повеќе од една банка. Финансирањето од повеќето извори или синдицираното финансирање се уште не се карактеристични за македонското банкарство, и од тие причини МЦФФ преку Охридска банка и ЕБОР, воспоставуваат модел кој другите можат да го следат.

Од почетокот на работењето во Македонија, ЕБОР има инвестирано околу 1.1 милијарди евра во земјата, во над 80 проекти во корпоративниот, енергетскиот, инфраструктурниот сектор и во финансиските институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП