Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Филмови под ведро небо секоја сабота во Градскиот парк

Време: 13:50

Датум: јуни 16, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Од 17 јуни до 5 август долгите скопски летни ноќи, секоја сабота, ќе можете да ги поминете во Градскиот парк кај Школка, каде Сава осигурување организира кино проекции под ведро небо. Настаните се закажани за 20 часот, а кино проекциите ќе започнат во 21 часот.

„Топлото време ја зголемува фрекфентноста на луѓето низ градот, па кога се размислувавме што убаво би можеле да им подариме на скопјани мислата не однесе до школката во Градскиот парк каде на големи јастуци со пуканки во рака луѓето ќе уживаат во интересната понуда на филмови под ведро небо. Се потрудивме репертоарот да биде разновиден и да ги задоволи различните вкусови и возрасти, па така очекувајте романтика, акција, драма и анимирани филмови за најмалите“, вели Соња Јовановска, раководител на служба за поддршка на продажба, од Сава осигурување.

За отворањето на овој летен филмски фестивал најавена е американската драма „Still Alice“ (2014), во режија на Ричард Глејцер (Richard Glatzer) и Волш Вестморланд (Wash Westmoreland). Главните улоги ги толкуваат Џулиен Мур (Julianne Moore) и Алек Болдвин (Alec Baldwin).

Проекциите се со слободен влез, а за гледачите Сава Осигурување, како домаќин, следењето на филмските проекции ќе го зачини со пуканки, вино и други освежителни пијалоци. Репертоарот на проекциите и сите случувања поврзани со „Сава летнотo кино“ ќе можете да ги следите на фејсбук страницата: https://www.facebook.com/sava.mk/?fref=ts каде ќе ве чекаат подароци и изненадувања.

Веќе 10 години по ред Сава Осигурување како дел од групацијата „Сава Ре“, Љубљана се грижи за сигурноста и безбедноста на своите клиенти и како дел од заедницата во која работи тие се свесни за потребата и важноста да се подобруваат општествените услови во кои жувееме и да се вложува во оддржување и градење на вистинските вредности.

За повеќе информации во врска со нивните понуди и осигурувања можете да ја посетите нивнaта веб страница https://mk.sava.insure/

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Qualcomm започна со отпуштања на вработените

    Qualcomm започна со отпуштања на вработените

    Производителот на чипови „Qualcomm“ започна да скратува работни места како дел од ветувањето кон инвеститорите ги намали годишните трошоци со 1 милијарда долари, објави компанијата,…

  • Акциите на Amazon се приближуваат до нов рекорд

    Акциите на Amazon се приближуваат до нов рекорд

    Акции на „Amazon.com Inc.“ достигнаа раст од 2,7% во сесијата во четвртокот достигнувајќи го речиси рекордот од 12-ти март, откако основачот и извршен директор Џеф…

  • American Express успеа да ги исполни очекувањата за првиот квартал

    American Express успеа да ги исполни очекувањата за првиот квартал

    „American Express“ (AmEx) со леснотија ги надмина очекувањата на „Волстрит“ за добивката за првиот квартал од годината благодарение на рекордното инвестирање во нејзините картички за…

  • P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    P&G купува единица на германската Merck за 3,4 милијарди евра

    „Procter&Gamble“ објавија дека постигнале договор за купување на здравствената единица на германскиот фармацевтски гигант „Merck“, објави „Ројтерс“. Цитираниот износ е 3,4 милијарди евра. Набавката ќе…

  • НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Банка АД Скопје добитник на наградата Europe Banking Awards 2017

    НЛБ Групацијата четврта година по ред бележи континуирано зголемување на нето добивката, при што во 2017 година има остварено рекордна нето добивка од 225,1 милиoни…

  • „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    „Starbucks“ ќе затвори 8.000 кафулиња поради расизам

    Американскиот ланец на кафулиња во Старзбург одлучи да ги затвори сите под нивно водство во САД,  поради бранот на негативни реакции кои произлегоа поради апсење…

  • Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Проектот на Пакомак „Are you recycling?“ ги собра на едно место најеколошките ресторани и кафулиња за 2017-та

    Пакомак ги собра на едно место општествено одговорните кафулиња од Скопје кои редовно ја собираат својата, пред сè стаклена амбалажа, во посебни канти на Пакомак,…

  • „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    „Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

    Приходите на „Нетфликс“ во изминатите три месеци достигнаа 3,7 милијарди долари, 40 отсто повеќе од лани, што е најбрз раст на приходите во историјата на…

  • Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Total ja купува Direct Energie за 1,7 милијарди долари

    Нафтената компанија „Total“ купува 74,3% од француската компанија за комунални услуги „Direct Energie“ за 42 евра по акција, додавајќи ги електричната енергија и природниот гас…

  • И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    И Morgan Stanley забележа рекордна добивка

    Профитот на „Morgan Stanley“ за првото тримесечје од годината е зголемен за над 40% на годишно ниво до рекордни вредности благодарение на бизнисот со трговија…