27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба: Kинетички музички скулптури е поставена во „Чифте амам“

Изложба: Kинетички музички скулптури е поставена во „Чифте амам“

Во Националната галерија на Македонија, објект „Чифте амам“, од 15 до 21 јуни ќе биде поставена интерактивната изложба со наслов „Демоните на баба ти“ на кинетичко-музички скулптури на Дејан Спасовиќ.

Десетте изложени скулптури се изработени од отфрлени парчиња мебел и покуќнина.

Преку „урбаната археологија“, како што го нарекува авторот процесот на пронаоѓање на материјалот за неговата изложба, тој наоѓа нова намена на предметите што не му се потребни никому. Ги придвижува за да нè поттикнат да ги допреме, им накалемува звук за да можат да ни ја раскажат својата приказна. Затоа што „секој од предметите е како магнетофонска лента на нашите животи“.

Изложбата „Демоните на баба ти“ има за цел да нè соочи со сопствените демони и стравови кои се, всушност, различен облик на основниот страв – стравот од смртта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП