2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во ЕУ и еврозоната во мај се забавува од претходниот месец

Инфлацијата во ЕУ и еврозоната во мај се забавува од претходниот месец

Инфлацијата во Европската унија во мај се забавила до 1,6% на месечна основа во однос на 2,0% во претходниот месец, покажуваат последните податоци на „Еуростат“, објавени денеска. Во однос на истиот период минатата година, сепак се забележува забрзување, па така во мај 2016-та година беше забележана дефлација од 0,1%.

Инфлацијата во еврозоната исто така се забавува на месечна основа – до 1,4% во однос на 1,9% во април. Во споредба со мај минатата година, меѓутоа повторно се забележува забрзување во однос на дефлацијата за тогашниот период од 0,1%.

Најслабата инфлацијата во мај се забележува во Ирска (0,0%), Романија (0,5%), Данска и Холандија (по 0,7%). Најбрзо пак било забрзувањето во Естонија (3,5%), Литванија (3,2%) и Велика Британија (2,9%).

Во однос на април 2017-та година инфлацијата се забавила во 24 земји членки, останала без промена во една и се забрза само во три.

Најголем влијание за порастот врз инфлацијата во еврозоната имале горивата за транспорт (+0,19 процентни поени), услугите за сместување (+0,07 пр.п.) и горивото за греење (+0,06 пр.п.). Во надолна линија, пак, имаат огромна улога телекомуникациите (-0,10 процентни поени), облеката (-0,06 пр.п.) и социјалната заштита (-0,04 пр.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП