4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа нив летото е далеку, оваа година

За нив летото е далеку, оваа година

Речиси половината од граѓаните на САД нема да одат не летување оваа година, главно поради финансиски потешкотии.

Тоа го покажаа објавените резултати од истражувањето на агенцијата АP и истражувачкиот центар NORC.

Резултатите од истражувањата на AP и NORC, спроведени во мај, покажаа дека 43 проценти од Американците оваа година нема да одат на одмор во текот на летото.

Во извештајот е наведено дека 49 проценти од оние кои нема да одат на летување оваа година како главна причина ги навеле патните трошоци, додека 11 проценти од нив рекле дека не можат да отсуствуваат од работа.

Истражувањето покажало дека Американците повеќе го ценат времето во однос на луксузот, па така речиси две третини од нив преферира подолги, помалку луксузни патувања, а не кратки и раскошни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП