2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа British Airways му одлетаа 92 милиони евра

На British Airways му одлетаа 92 милиони евра

Тридневното пореметување на летовите на британската авиокомпанија „British Airways“ поради сериозниот компјутерски проблем ќе ја чини авиокомпанијата 80 милиони фунти (92 милиони евра).

„Прелиминарните проценки на бруто трошоците поради откажувањето на летовите се движат околу 80 милиони фунти“, изјави генералниот директор на IAG, Вили Волш на состанокот со акционерите во Мадрид, пренесува агенцијата Франс прес.

„British Airways“сериозно работи на тоа на оштетените патници, што е можно поскоро, да им исплати компензација“ додаде тој.

„British Airways“ меѓу 27 и 29-ти мај откажа 726 летови ширум светот, а тоа погоди околу 75.000 патници.

Откажувањето на летовите предизвика хаос на лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик.

Волш изјави дека човеков фактор би можел да биде виновен за ИТ проблемот, бидејќи еден инженер „на неконтролиран начин“ најпрвин го дисконектирал од напојувањето со струја центарот за податоци на „British Airways“, а потоа повторно го конектирал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП